Commitment
to Success

За Нас
Профил
Вредности
Структура

ФЕРО ИНВЕСТе динамична, пазарно ориентирана и флексибилна групација, формирана во 2003 година и денес брои приближно 600 вработени и годишен обрт од околу 200 милиони евра. Составена е од неколку компании кои делуваат во металопреработувачката индустрија, како и во областа на обновливи извори на енергија и трговија со електрична енергија. Нудиме комплексни и мултидисциплинарни производи и услуги како резултат на темелното познавање на индустријата и бизнис опкружувањето во Македонија и Југоисточна Европа. Фокусот кон индустријата ни овозможи да развиеме богато разбирање и препознавање на бизниз интересите на клиентите, а знаењата и вештините кои ги поседуваме ни овозможуваат генерирање на решенија кои најдобро ги отсликуваат специфичните потреби и потенцијали на различни сегменти од индустријата. Гаранција за нашата ефективност е и желбата секогаш да привлечеме нови таленти, да ги подобриме нашите деловни перформанси, континуирано да ги продлабочуваме нашите знаења за индустријата и да ги обновуваме нашите погледи и проекции за бизнисот во услови на глобализација на економијата во современиот свет.

ФЕРО ИНВЕСТ како модерна бизнис групација корпоративно е организирана врз принципот на самостојно пазарно дејствување на членките и интегриран менаџмент за заедничките потреби и интереси. Секоја компанија или организационен субјект на ФЕРО ИНВЕСТ, делува правно и економски независно. Со секоја компанија раководи посебен управен одбор. Управните одбори на сите членки се состојат од искусни луѓе во бизнисот, дизајнери и инженери, кои се дел од една мотивирана, ефикасна и иновативна корпоративна култура.

Групацијата ФЕРО ИНВЕСТ е составена од следните компании: БРАКО, АКВАВАТ, МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ, МХЕ ЕЗЕРО, МХЕ ЛЕТНИЧКИ ИЗВОРИ, МХЕ ГОРНО БЕЛИЧКИ ИЗВОРИ, ДРУГОВО-СТУДЕНЧИЦА, ХИДРО ОСОГОВО, ENERGY MAINTENANCE SOLUTIONS, ENERGY DELIVERY SOLUTIONS и МХЕ ТОПОЛКИ.

БРАКО е лидер во производството на метални и челични жични и други производи кои се неопходни за индустријата, потрошувачката, медицината итн. Со оглед на својата долгогодишна дејност и квалитет на производите, БРАКО претставува лидер и во овој сегмент на индустријата во Југоисточна Европа.

АКВАВАТ е водечко македонско биро за дизајнирање и проектирање, специјализирано за изведување на мали хидроелектрани.

МХЕ СЕКТОР се состои од ЕЗЕРО МХЕ, ХИДРО ОСОГОВО, ДРУГОВО – СТУДЕНЧИЦА и МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ коишто сите заедно вклучуваат 19 мали хидроелектрани. МХЕ вклучува 7 мали хидроелектрани под концесија и е лидер во производството на електрична енергија во Македонија со корисење на вода од новоизградени акумулации. ЕЗЕРО МХЕ, ДРУГОВО-СТУДЕНИЦА и ХИДРО ОСОГОВО заедно вклучуваат 12 мали хидроелектрани.

ENERGY MAINTENANCE SOLUTIONS е компанија специјализирана за одржување на мали хидроелектрани.

Компаниите на ФЕРО ИНВЕСТ се раководат од највисоките стандарди за одговорно управување со дел од ресурсите на општеството. За остварување на оваа своја општествена мисија, компаниите на ФЕРО ИНВЕСТ ги поддржуваат иницијативите за општестени активности на локалните заедници во кои се наоѓаат нивните постројки.

ФЕРО ИНВЕСТ има успешно проектирано, опремено и изведено (EPC partnership) 24 мали хидроелектрани за инвеститори (8 мали хидроелектрани се изградени и се во функција; Најголемата мала хидроелектрана е МХЕ Рибничка со инсталирана моќ од 5,2 MW. Најмалата мала хидроелектрана е МХЕ Железна Река 15 со инсталирана моќ од 365 kW.

Компанијата има договори за надзор и одржување со 5 мали хидроелектрани за опрема која не е увезена од ФЕРО ИНВЕСТ, договори за изградба и проектирање на 16 мали хидроелектрани и до крајот на 2020 година ќе има завршени преку 70 вакви проекти.

Седиште на Феро Инвест во Скопје