New
Energy
for the New
Generation

За МХЕ СЕКТОР
Портфолио
Контакт

МАЛИ ХИДРОЕЛЕКТРАНИ СЕКТОР (МХЕ) е национален лидер во производство на чиста електрична енергија од 19 мали хидроелектрани. Секторот е 100% посветен на обновлива енергија и на заштитата на животната средина.

МХЕ СЕКТОР се придржува на највисоките стандарди во однос на тоа како го води и развива бизнисот во повеќе делови на Македонија, како и во комуницијата со клиентите и партнерите во локалната и пошироката заедница. Една од главните мисии на секторот е да придонесе и да влијае на промената на сознанието и свеста за начинот на кој се произведува електричната енергија, преку реализација на проекти кои нудат чисти и обновливи извори на енергија, спротивно од фосилните горива кои се и ограничени и загадувачки.

Секторот и понатаму посветено ќе работи на реализација на нови проекти и на тој начин континуирано ќе придонесува за нов ранг на приоритети за тоа кој начин на производство на електрична енергија е најсоодветен и во согласност со највисоките европски и меѓународни стандарди. Следејќи ја доследно оваа мисија, секторот верува и на дело ќе ги покаже економските параметри во менаџирање на производството и вкупната дејност на одржлив начин.

Интегритетот е основата на нашиот бизнис. Целосно и доследно се придржуваме на нашите декларирани развојни цели и преземени обврски, затемелените корпоративни вредности, етичкото, општественото и еколошки одговорното водење на бизнисот.

Одржливоста е рефлектирана во нашата посветеност кон заштита и унапредување на животната средина, како основа за одржување на долгорочна и заемно корисна синтеза на односите во сите аспекти од нашиот бизнис.