Safe
and Reliable
Energy

За EMS
Услуги
Контакт

ENERGY MAINTENANCE SOLUTIONS (EMS) ЕМS е компанија со иновативни технологии и пружа услуги на полето на електромеханички системи за хидроенергетската индустрија. EMS исто така работи како надзорно тело, преку спроведување на периодични годишни тестирања на електрична опрема и електроцентрали. Се состои од 5 оддели; механички, електро, автоматска контрола, надзорен центар и градежен оддел. Компанијата нуди услуги како:

  • Пресметки за перформанси на системи и спецификации на опрема;
  • Проектирање и изведба на Пелтон и Францис турбини;
  • Основни решенија и проектирана на нисконапонски, среднонапонски и високонапонски склопки;
  • Мерни трансформатори;
  • Развој, проектирање, имплементација на системи за автоматизација;
  • Оптимизација на решенија за конекција со дистрибутивна мрежа;
  • Инсталација на електромеханичка опрема;
  • Пуштање во употреба;
  • Одржување, анализа и поправки;
  • 24/7 надзор и далечинска контрола на мали хидроелектрани;
  • Тестирање на електрична опрема, електроцентрали, изведување на првични пероидичи технички проверки.
Нашиот пристап кон ефикасно и безбедно управување на мали хидроелектрани вклучува имплементирање на компјутерски моделирани програми за одржување, кои го намалуваат бројот на поправките и тековните трошоци за одржување, а со тоа го зголемуваат и оперативниот живот на хидроелектераните.

Одржувањето на мали хидроелектрани е сложен оперативен, логистички и технички процес, врз кој значително влијаат и местоположбата, транспротот и комуникациите. Затоа определбата за водење на сопствено делумно одржување може да доведе до преземање ризик за кој Вашиот бизнис нема ни ресурси ни стручност за справување со истото. Програмираното управување со мали хидроелектрани од EMS гарантира соодветно исполнување на сите правни и техничко–технолошки обврски, како и безбедност на луѓето на сите локации. Ваквото управување овозможува целосно остварување на сите обврски за годишно или периодично одржување.


ЕМS има дозвола за градба на објекти од прва категорија и ISO 17020 сертификат за технички надзор и периодично тестирање на електрани и електроопрема, вклучувајќи: генератори, мотори, напонски трансформатори, инструмент трансформатори, склопки, пренапонски заштитници, кондензатори, громобранска заштита и заземјување, релејна заштита, акумулатори, електроинсталации, итн.

Нашиот тим


Ние сме посветени на нашите клиенти со тоа што им нудиме тим членови кои се високо обучени и компетентни. Посветуваме голема внимание на квалитетот на работите и услугите што ги обезбедуваме, без разлика на големината или карактерот на проектот. Вие секогаш можете да се потпрете на нашиот професионален кадар кој е високо квалификуван, компетентен и одговорен.



Наши вредности


Обединетост. Интeгрирани софистицирани услуги кои ја намалуваат неефикасноста и ја зголемуваат ефективноста на средствата на нашите партнери и клиенти.

Креативност. Ние го збогатуваме нашиот центар на знаење и човечки ресурси преку партнерско работење со нашите клиенти, преку кој ја обезбедуваме Вашата сопственост за иднината.

Посветеност. Ние сме посветени на задоволување на динамичните потребни на нашите клиенти, како и на создавање на одржливи решенија.