Energizing You

За EDS
Контакт

ENERGY DELIVERY SOLUTIONS (EDS) е водечка компанија на пазарот со трговија на електрична енергија во Република Македонија, која со 320 MW портфолио ги снабдува со електрична енергија најголемите индустриски капацитети во нашата земја како ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци, Макстил АД Скопје, Цементарница Усје АД – Скопје, Арчелор Митал АД Скопје и Бучим ДООЕЛ Радовиш. Воедно е и единствената македонска компанија која има развиено електроснабдителна мрежа и искуство во снабдување со електрична енергија на слободниот пазар. Како специјализирана компанија во оваа област, ЕДС се стреми да го прошири своето портфолио и во делот на малопродажбата, односно во делот на новите квалификувани потрошувачи. Како компанија која се грижи за своите клиенти ЕДС има за цел да формира балансна група и на своите потрошувачи да им претстави модел како самостојно да набават електрична енергија на пазарот, а притоа да имаат минимални трошоци. ЕДС е членка на меѓународната берза за електрична енергија што значи дека компаниите кои купуваат електрична енергија од ЕДС имаат гарантирана цена и квалитет на дистрибуција.

Знаењето, стручноста, креативноста и интегритетот на нашите вработени и менаџери овозможуваат да пронаоѓаме соодветни креативни решенија за побарувањата на пазарот кои постојано се менуваат, како и за потребите на нашите клиенти кои постојано се развиваат. Наша мисија е да ги опслужуваме клиентите и партнерите со оригинални и ефикасни комплементарни решенија, кои се со гарантирана транспарентност, брзина, постојаност, безбедност и ефикасност. Горди сме на тоа што им нудиме и даваме одлични услуги на нашите клиенти, а таа наша заложба дополнително го зајакнува и нашиот углед како сигурен и кредибилен партнер за трговија со енергија. EDS, за сопствени потреби и за потребите на партнерите, врши предвидувања на пазарите на одржлива енергија во цела Европа, оптимизирање на понудата и побарувачката и зголемување на безбедноста на понудата, се со цел нашата економија и општество да имаат целосна и долгорочна полза од истото.