A Symbol
of Success

За БРАКО
Контакт

Компанијата БРАКО е основана во 1947 година во Велес, Република Македонија, на површина од 120.000 м2. Kако приватна компанија и како дел од ФЕРO ИНВЕСТ, групацијата работи од 2003 година. Основната дејност на оваа компанија е производство на жичeни производи, програма по којa компанијата е препознатлива на пазаритe на Балканот и во Европа. Освен жичeните производи, БРАКО изработува и медицински мебел и помошни медицински направи, телекомуникациска инфраструктура, товарни приколки, транспортни ленти итн.

Како резултат на комплетната ревитализација на опремата и халите и обновениот машински парк во 2003 година, месечното производство на жичени производи се зголеми трикратно, од 400 на 1.200 тони. Ваквото зголемување се должи на визијата за успешно раководење на компанијата, како и на континуираните инвестиции кои се реализирани во компанијата.

Со остварено производство од 1.400 тони жичени производи и 260 вработени во почетокот на 2005 годинина, БРАКО стана лидер во производството на жичени производи како во Македонија, така и во поширокиот регион од Југоисточна Европа. Неколку месеци подоцна, БРАКО отвори и свој производствен капацитет - погон на пристаништето на реката Дунав во Панчево, Р. Србија - БРАКО – ФЕРОПРОДУКТ.

Производите на БРАКО секојдневно се пласираат на македонскиот пазар, но и на пазарите во Албанија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Австрија, Словенија, Италија, Унгарија и други држави. Сакајќи компанијата да се развива во повеќе области и во согласност со потребите на граѓаните на Велес, БРАКО отвори и бензинска пумпа БРАКО ПЕТРОЛ, што даде една нова димензија на работењето и во оваа област.

Производите на БРАКО прераснаа во препознатлив бренд, кој е пазарно успешно етаблиран како резултат на својот квалитет и широк асортиман. Компанијата има јасна визија за успех и развој, која се однесува и на имплементирање на нови современи технолошки и пазарни трендови во оваа индустриска бранша и во пошироката област. БРАКО постојано го подобрува производство преку инвестирање во нови современи технологии и преку воведување на иновации во системот на менаџирање со компанијата. Тоа резултира со проширување на асортиманот на производи и услуги во сите сфери на работење на компанијата.


За повеќе информации, посетете го официјалниот веб сајт на БРАКО www.brako.com.mk