Projects
Without Limits

За АКВАВАТ
Проекти
Контакт

АКВАВАТе водечко биро во Македонија специјализирано за проектирање и планирање на мали хидроелектрани со капацитет над 1MW. Главното поле на работа и приоритет се развој на проекти коишто користат обновливи ресурси, одржливост и етичко управување, како и заштита на животната средина.


АКВАВАТ како проектантско биро е вклучено во најголеми број од развојните програми во областа на производството на хидроелектирчна енергија во Македонија. Самиот карактер на овие проекти и програми е сведоштво за нашата посветеноста на пронаоѓање и нудење на најоптимални решенија во користењето на хидроенергетскиот потенцијал од гледна точка на забавување и намалување на негативните ефекти од климатските промени.

АКВАВАТ е компанија со исклучителен творечки потенцијал и атмосфера, со колективно сознание дека клучот на успехот се наоѓа во знаењето, вештините, мотивацијата и посветеноста на вработените. Ние се гордееме со создадената работна култура, која е стимулативна, наградувачка, сеопфатна и интегрирана, притоа знаејќи дека грижата за благосостојбата на вработените промовира заедничка посветеност кон креативност, продуктивност и лојалност. Во исто време, квалитетот и иновацијата овозможуваат здрава и постојана двонасочна комуникација и отвореност, подржана од горе надолу и обратно.

Во рамките на АКВАВАТ, контролата на квалитетот е клучен фактор во целокупното дејствување и бирото одамна има имплементирано ефективен систем за контрола на квалитетот (ISO 9001:2008) кој е заснован на распределување на обврските помеѓу сите кои се вклучени во определена проектна задача или програма и активна соработка во обликувањето на секој краен производ. АКВАВАТ има дозвола и овластување за проектирање на градби, ревизија и супервизија.

АКВАВАТ ги поседува ISO 9001:2008 сертификат од IQNet и Quality Austria и сертификат од ISO 9001:2008 Quality Austria - Систем за квалитет на управување.

aboutAW